Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка

Популарната балканска пејачка Лепа Брена утринава доживеала сообраќајна несреќа додека одела кон Макраска во Хрватска, каде требала да настапи на концерт вечерва и утревечер.

Агентот на пејачката за хрватските медиуми изјавил дека Лепа Брена во сообраќајката била тешко повредена, поточно дека и се скршени двете раце и е хоспитализирана во болницата во Ловран, каде и била извршена и хируршка интервенција. Тој дополнил дека на неодредено време се иоткажани сите нејзини настапи.

„Должност ми е да ве известам дека Лепа Брена утринава доживеа сообраќајна несреќа. Патувајќи кон Макарска, каде требаше да одржи два веќе распродадени концерти, вечерва и утревечер во дискотеката ’Петар Пан’, имаше несреќа и е тешко повредена. Скршени и се двете раце, а таа е хоспитализирана и оперирана во болницата во Ловран“, рекол портпаролот на мегапопуларната пејачка.

Според хрватските медиуми се очекува на јавноста да и’ се обрати и раководителот на болницата во Ловран, кој треба да соопшти повеќе детали за здравствената состојба на Лепа Брена.