Лепа Брена во друштво Бјонсе и Ријана, откако американски сајт го објави нејзиното богатство

Лепа Брена (60) се најде на познатата страница „Celebrity net worth“, која се занимава со финансиите на големи sвезди.

Така, богатството на една од најпознатите пејачки на Балканот, се најде на оваа странска страница и се проценува на дури 16 милиони долари, или 13,7 милиони евра.

Instagram

Според нив, Фахрета Живојиновиќ е најпродаваната музичка ѕвезда во поранешна Југославија со продадени над 40 милиони плочи.

„Фахрета Живојиновиќ е југословенска пејачка, актерка и менаџер за таленти, која има нето приход од 16 милиони долари. Родена е во Тузла во октомври 1960 година. Таа е најпродаваната авторка од Југославија со продадени над 40 милиони плочи“, пишува на веб-страницата.

instagram

Не е познато по што се воделе при собирање податоци за Брена и нејзиното богатство, со оглед на тоа што не се споменува приватна деловна активност, ниту продажбата на Гранд од која Брена собра голема сума пари.

Во таа насока, оваа бројка не мора да биде точна, бидејќи Брена може да има многу поголема сума од онаа што ја заработи од почетокот на нејзината кариера до денес.