Лепен се сретна со Данската народна партија

Соработката во запирањето на илегалните миграции во Европа е една од главните теми којашто Марин Лепен, челничка на најсилната француска опозициска партија од крајната десница, ја отвори во текот на нејзината посета на Данска каде што се сретна со тамошните истомисленици.

„Во Европа сме соочени со историски момент“, рече Марин Лепен мислејќи на претстојните избори за Европскиот парламент кои ќе се одржат од 23-ти до 26-ти мај, по разговорите во данскиот парламент со Сорен Есперсен, потпретседателот на Данската народна партија.

Националниот собир на Марин Лепен и противдоселеничката Данска народна партија му се придружија на новиот сојуз на крајните десни и евроскептични партии кои имаат шанси да остварат добри резултати на европските избори. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој е претседател на владејачката партија Лига, е голем поборник на формирањето заедничка пратеничка група во Европскиот парламент која би ја заменила сегашната коалиција Европа на нациите и слободите (ENL) чија копретседателка е Лепен.

И покрај несогласувањата во рамките на групацијата, постои потреба од соработка за да се запрат миграциите, порача Лепен. Рече и дека ќе ѝ посака добредојде во групацијата на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Лепен во четвртокот ја посети Прага каде се сретна со претставниците на партиите кои имаат блиски ставови, како на пример холандската Слободарската партија (PVV) на Геерт Вилдерс

„Доколку оваа група успее првпат ќе имаме вистинско влијание во европксата политика“, истакна Есперсен, кој е член комисијата за надворешни работи на данскиот парламент

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.