Лепешката одамна плесна во вентилаторот. Како понатаму?

Постојано сте на мрежи, лапате бумбари, негодувате, но мало фајде освен за вашето лично его, може ли да се направи нешто повеќе? Секако, одaмна може, прашање е дали сакате и имате капацитет.

Морално беше

Во време кога полупроизводи се битни и фактори во општеството, мора да се извлечат поуки и да се најде ефикасен начин на делување ако сметате дека такво нешто треба. Ликови кои до вчера не би им земале оравче од рука со машичка, денес палат и гасат кај нас, и тоа со децении искрено го мислам. Такви кои во loop знаат да повторуваат еден ист збор репетитивно со хардверски блокиран биос, поддржани од моменталните тоталиризирани насилници како збореот „затвори“, „отвори“, „дај домашно“, „лопови“, „прaвда“ или слично, како што ZX Spectrum со капацитет и може да пружи папагалски привид на интелигенција.

По мрежама и горама

А, сте пишале за некаква неправда? Бреј, браво! И меме сте ставиле!?!? Лудница, хаос чоече! Писнавте нешто на социјалните мрежи за ситуацијата кај нас? Да? Убаво, да си го избришпете прво задникот, па устата си истата хартија, заслужуваме гнасни споредби.

До граџанство – кое не се согласува со некои состојби кај нас, ако сте неписмени, а под тоа пред се’ подразбира непознавање јазик и нормална меил коресподенција, затнете се, небитни сте! Единствено валидно е да наместо „шлапање“ на вашите профили, праќајте директни мелјови или со хаштаг # , ет @, со сериозни писма со опис на состојбата со која не се согласувате. До комесари, новинари, уредници, политичари, министри и претседатели, здруженија и организации, јасно напишани на англиски и детален опис за што протестирате, негодувате или информирате. Сетоа тоа и со препратено (CC)  до сите засегнати или сметате дека треба да се инволвирани, без оглед дали е за лична првда, екологија или политика, а не можеме како општество да го надминеме.

До дијаспората – да не соли памет што и како ние овде треба да правиме, туку да напне со директна комуникација со локалната власт во земјата во која се наоѓаат, па од таму до највисоките тела – писма до сенатори, конгресмени, пратеници, владини службеници, уредници, медиуми, само така, постојано како плима без осека, со цивилизиран, рационален притисок. Доста со тоа правање памет ако живеете во подобар систем, па малку од вас воопшто не ги искористија демократските капацитети да направат позитивна општествена и пред се’ економска промена во земјата.

#Јанкосвињадебела

Секако, знаејки го нашиот менталитет, токму оние кои со „ПРС“ не мрданеле прво ќе кажат на оваа моја пишанка-мочанка – А ти бе, свињодебела, ти што направи?

Па еве себе за сведоштво – скоро 20 години емисија и сите интервјуа со релевантни фактори. Но, тоа е минат труд. Најново во последната криза и дадов поддршка за Вера Лалчевска кој единствена од вас „лунпен интерјиат“ успеа да направи некаква промена. Каква? Ќе мора да се запотите да најдете на мојот канал, има две нејзини интервјуа, па видете самите. Особено ова до оние шапшали со нивните петиции кои никаде не стигнаа и ништо не направија, Вера протна во ОН процес за признавање на… ма, ич нема ни да се потрудам да објаснам, не сме сите паметни, не има и убави. (иронизирам) со должна почит кон оние кои следат и се добро запознаени и кои дадоа сесрдна поддршка.

Me, me, me. Me, too.

Последно е моето интервју кое го дадов пред еден месец на британска документарна продукција екипа која снимаше на балканите серија за идентитетските прашања. Серијата ќе се емитува некаде наредната година ни помалку ни повеќе туку на Амазон Прајм, кој знае  – зинат, кој не знае- теле у шарена врата. Мојот сегмент е само тоа, сегмент, дел од неколку часовна серија, во која ме одбрале заради тоа што кога побарале некаква медиумска личност Гугл им посочил на мене. Без емоции и филмања, чисти статистики. Поздрав до хејтерите и проштевајте заради еготрипот – оти знаете како е фалиме усто…  Инаку двочасовното интервју кое го направија со мене е снимено наутро во моето студио и се монтира и преведува оти го лафев на англиски, додуша индиско – англиски парампарче граматички, но ме разбраа момците и ми дадоа ексклузива да го емитувам. Па, наскоро. Ете, јас покрај тоа што сум на ТВ каде задача ми е промовирање на македонските културни и цивилизациски вредности – ситница, јас како небитен поединец и до публика надвор, од каде мислам дека може повеќе да има позитивна промена кога сме ние во прашање одошто локалните самоједи на мреживе.

Just do it!

Вие запотете столицата (и мејлот) дур не ви се појави темна мокра лента на панталоните од препотување пишувајќи писма и протестни ноти до релевантни фаци и институции.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес