Лепиткова: Законите за дозвола за изградба на рудници во Македонија се применуваат дури и поригорозно отколку во ЕУ

Рудниците се најбезбедни кога работат, истакнува за регионалната телевизија Канал плус, државниот секретар во министерството за локална самоуправа Соња Лепиткова и универзитетски професор на катедрата за геохемија на Факултетот за природни и технички науки при УГД, одговорајќи на прашањето што со отпадот од рудниците и неговото управување конкретно за новорестартираните „Злетовo” и „Тораница”, како и за „Саса”. Престанокот на работењето или паузирањето води несакани ефекти или хаварии, затоа кондицијата на рудниците е многу важна, но и вистинскиот сопственик.

Доколку се почитуваат стандардите и се применува модерната индустрија, отворањето на рудник нема да има еколошки последици, тврдат експертите во однос на прашањето кое го задржа вниманието во јавноста во однос на можноста за отворање рудник во Гевгелија. Лепиткова тврди дека дека законите за дозвола за изградба на рудници во Македонија се применуваат дури и поригорозно отколку во ЕУ.

Лепиткова вели дека во Гевгелија во моментот се вршат детални геолошки истражувања, дадени се две концесии, односно, дозволи за истражување и иако е во фаза истражувањето, не мора да значи отворање на рудник, можеби ќе се отвори после неколку години, а може и воопшто нема да се отвори.