Лесна гостинска победа на Вардар кај Стеауа

Ракометарите на македонскот шампион Вардар дојде го оствари во понеделникот во 13-то коло од регионалната СЕХА Газпром лигата,  очекуваниот успех на остувањето кај Стеауа во Букурешт, победи со 34:30 (21:10) во меч кој имаше две многи различни полувремиња.

Во првиот дел ослабената без неколку првотимци Стеауа како воопшто и да не играше, ракометарите на романскиот тим не покажуваа голема амбиција и на одморот се замина со предност на Вардар од 21:10.

Очигледно во полувремето играчите и стручниот штаб на Стеауа беа прекорен за индолетниот однос во мечот од регионалната лига, па романските ракометари во продолжението заигра посериозно, за да не биде доживеан вистински дебакл, доколку дуелот продолжеше со истиот ритам од првите 30 минути. Во Вардар, пак, најверојатно проценија дека остатокот од натпреварот треба да се продолжи опуштено. Сепак, вардарци премногу лежерно го одиграа вториот дел и дозволија да примат дури дури 20 голови, и да го загубат овој дел со 13:20. На крајот Вардарци славеа со 34:30.

Мартин Поповски со десет голови беше најефикасен во составот на Вардар, девет постигна Дмитриј Киселев, четири реализираше Иван Карачиќ. Кај Стеау, пак, Крсто Милошевиќ и Разван Рапчиуга постигнаа по пет погодоци.

Ова беше последен меч за Вардар оваа година, ракометарите имаат мал одмор па оние кои ќе имаат репрезентативни обврски ќе им се посветат на националните селекции. Вардар во регионалното натпреварување ќе презими на првата или втората позиција со ист број бодови како Загреб кој подоцна ве