Лестер го потопи Њукасл

Во претпоследниот натпревар од седмото коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Лестер Сити на својот стадион го демолираат со 5:0 Њукасл Јунајтед и го задржаат местото меѓу четирите најдобри тимови на првенствената табела.

Лестер поведе до погодокот на Португалецот Рикардо Переира во 16 минита, а во 43 минута Њукасл остана со играч помалку, бидејќи црвен картон за груб старт заработи Ајзел Хајден. Бројната предност домашните ја искористија во второто полувреме, постигнувајќи четири гола. Два погодока постигна голгетерот Џејми Варди, во 54 и 64, а во 57 автогол постигна Пол Думет, и Вилфред Ндиди во 90 минута.

Лестер со 14 бодови е на третото место, задЛиверпул со максималните 21 бод, и Манчестер Сити кој има 16 бодови. Четвртиот Вест Хем има 12 бодови, додека по 11 имаат Тотенхме, Челзи, Борнмут, Кристал Палас и Арсенал кој има и меч помалку кој ќе го одигра во понеделник кај Манчесетер Јунајтед. Њукасл има само пет бодовои и е претпоследен на 19-то место.