Лестер го симна Тотенхем за неколку места, потоп на Лидс на „Олд Трафорд“

Во дербито од 14-то коло од англиското фудбалско првенсто во неделата Лестер Сити на гостувањето во Лондон со 2:0 го победи Тотенхем, преземајќи му ја досегашната втора позиција на табелата.

Лестер поведе во последните моменти од првиот дел, во четвртата минута од судиското продолжение, со реализираниот пенал на Џејми Варди. Прашањето на победникот се чини беше решено кога во 60 минута Тоби Алдервирелд ја втурна топката во сопствената мрежа.

Со денешниот погодок, Варди стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал погодоци против Тотенхем како гостински играч на три стадиона: „Вајт Харт Лејн“, „Вембли“ и сега на „Тотенхем Хоутспар“ стадионот.

Лестер со оваа победа скокна на втората позиција на табелата со 27 бодови, четири помалку од водечкиот Ливерпул. Евертон е трет со 26 бодови, колку што има и сега петтиот Манчестер Јунајтед, а Тотенхем сега е петти со 25 бодови, бод повеќе од следниот Саутемптон и два од седмиот Манчестер Сити.

Лидс Јунајтед на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски по долго години гостуваше на „Олд Трафорд“ но налетана расположените „Црвени ѓаволи“ кои триумфираа со 6:2. Последен пат некоја екипа која ја водел Марсело Биелса примила шест погодоци било во февруари 1992 година во аргентинското првенство кога ги водеше Њувелс Олд Бојс во поразот од 0:6 од Сан Лоренцо.

Головите за Манчестер Јунејтед ги постигнаа Скот Мектоминеј во 2 и 3, Бруно Фернандеш во 20 и 70 минута од пенак, Виктор Линделоф во 27 и Даниел Џејмс во 66 минута. За Лидс, за кој Алиоски го одигра целиот меч, стрелци беа Лиам Купер во 41 и Стјуарт Далас во 73 минута.

Мектоминеј, така, стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал два погодока во првите три минути на еден натпревар.

Ова беше петтата победа на Манчестер Јунајтед во последните шест првенствени кола, со која од седмото се искачи на третото место на табелата. Лидс Јунајтед е 14-ти со 17 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање.

Интересен натпревар одиграа екипите од дното на табелата во кој фенерџијата Шефилд Јунајтед го осови само вториот бод сезонава. Кога во 40 минута гостите останаа без исклучениот Џон Ландстрам, се чинеше дека Брајтон лесно ќе дојде до трите бода и ќе се оддалечи од зоната на испаѓање. Меѓутоа, во 63 минута Шефилд поведе со голот на Џејден Богл, а домашните успеаја да спасат барем бод три минути пред крајот на регуларниот дел со погодокот на Дени Велбек.

Брајтон ,моментално е на 16-то место со 12 бодови, а Шефилд е убедлово последен со само две ремија и 12 порази во досегашниот тек од првенството.

Во последниот неделен дуел Астон Вила со 3:0 беше убедлива на гостувањето кај Вест Бром. Анвар ел Гази во 5 минута од пенал ги доведе гостите во водство, а домашните дополнително беа оптоварени во 36 минута откако од игра беше исклучен Џејк Лајвмор. Сепак Вест Бром го одржуваше надежите до самиот финиш, кога Бертан Траоре погоди во 84 минута, а четири минути подоцна Ел Гази уште еднаше се впиша меѓу стрелците, овојпат од белата точка.

Астон Вила е на 9-то место со 22 бодови, но има еден заостанат натпревар, додека Вест Бромвич продолжува со лошите игри и е претпоследен 19-ти со седум бодови.

Колото во понеделник ќе го затворат дуелите Барнли – Вулверхемптон и Челзи – Вест Хем Јунајтед.