Со првата победа сезонава фудбалерите на Лестер Сити побегнаа од дното на табелата на англиската Премиер лига, откако во последниот дуел од осмото коло во понеделникот вечерта како домаќини беа убедливи против Нотингем Форест со 4:0, препуштајќи му го последното место.
Мечот беше решен во периодот меѓу 25 и 35 минута, кога Лестер со три погодока, сите три постигнати со удари надвор од шеснаесетникот, стаса до недостижните 3:0. Прво шутот на Медисон во 25 минута на патот кон голот го погоди Меккена и го измами Хендеросн, потоа од самиот раб на казнетиот простор во 27 минута прецизен беше Харви Барнс, а во 35 минута повторно погоди од одлично изведен слободен удар од 25 метри, Конечниот погодок го постигна со петица Патсон Дејка во 73 минута.
Претпоследниот Лестер и последниот Нотингем сега имаат по четири бодови, два помалку од Кристал Палас и Вулверхемптон.
На врвот е Арсенал со 21 бод, еден повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Трет е Тотенхем со 17 бодови, а четвртиот Брајтон има 14 бодови но и меч помалку.