Лестер нов лидер во Премиер лигата

Фудбалерите на Лестер Сити се новите лидери во англиското првенство, откако во вторникот вечерта во средбата од 18-то коло на свој терен го совладаа Челзи со 2:0.

Лестер поведе со голот на Вилфред Ндиди во 6 минута кој на самиот почеток на дуелот со удар од 20-ина метри го изненади голманот на Челзи. Предноста на домашните ја удвои од контранапад во 41 минута, Џејмс Медисон.

Лестер сега е водечки на табелата со 38 бодови од 19 натпревари, бод помалку и меч помалку има вторппласираниот Манчестер Јунајтед, а три бида помалку со два натпревари за доигрување има трериот Манчестер Сити. Челзи остана 8-ми со 29 бодови.

Во првиот натпревар во вторникот Вест Хем Јунајтед како домаќин со 2:1 го совлада Вест Бромвич Албион.

Вест Хем повед во последните моменти од првото полувреме, на крајот од втората минута од судиското продолжение, со голот на Џерод Броуен, а во 51 минута израмни Матеус Переира, но ново водство и три бода за домашните донесе погодокот кој во 66 минута го постигна Микаил Антонио.

Вест Хем, кој има одиграно 19 натпревари моментално е седми на табелата со 32 бода, додека Вест Бромвич од исто толку натпревари е претпоследен 19-ти со 11 бодови пет помалку од местата кои обезбедуваат опастанок во лигата но каде се тимови кои имаат по два меча помалку.