Летало на NASA ја започнува мисијата на собирање први примероци од астероид

Вселенското летало на американската агенција за космички истражувања NASA во вторникот ќе се обиде да ја собере првата збирка примероци од еден астероид.

Леталото „OSIRIS-Rex“ (кратенка од Origins, Spectral Interpretation, Identification of Resource, Security-Regolith Explorer) во вторникот ќе треба да собере примероци од астероидот Бенну и ќе ги донесе на Земјата за натамошни истражувања.

Бенну од Земјата е оддалечен 290 километри и би можел опасно да се приближи на нашата планета во следниот век, иако шансите за судар се многу мали.

Сондата „OSIRIS-Rex“, која е лансирана во 2016 година и е со големина на поглемо комбе, ќе се обиде да му се приближи на астероидот на само неколку метри во вторникот меѓу 23 часто и полноќ по македонско време, а потоа со помш на роботичката рака наречена Tagsam (Touch-And-Go Sample Acquisition Mechanism) да ги собере примероците.

Областа на површината на астероидот Бенну, која се нарекува „Најтингејл“ е кратер со дијаметар од околку 20 метри во северниот дел од космичкото тело. Неговото дно е покриено со ситни остатоци, но во близината на ѕидот на кратерот се наоѓаат неколку големи карпи, чиишто димензии надминуваат седум метри.

Раката Tagsam само на пет секунди ќе го допре астероидот, ќе исфрли притоа азот под притисок за да ја разбранува неговата површина и ќе ги вшмука примероците тешки меѓу 60 и 2.000 грама пред да се оддалечи. Порадии оддалеченоста на комуникациите и наредбите ќе им биде потребно 16 минути за да стасаат до „OSIRIS-Rex“, кој е изработен од компанијата „Lockheed Martin“.

Вселенскиот истражувачки уред „OSIRIS-Rex“ беше лансиран во септември 2016 година во рамките на мисијата за приближување на атероидот „Бенуу“, познат и по ознаката 1999 RQ36, и собирање примероци од него. Сондата стаса до небеското тело на почетокот на декември 2018 година и направи снимки од целата површина на астероидот.

Во NASA се надеваат дека мисијата којашто чини милијарда долари ќе ја открие и тајната на потеклото на нашиот Сончев систем, како и за изворот на вода и органиски молекули пронајдени на Земјата.

Како што истакна шефицата на Одделот за планетарн истражувања на NASA, Лори Глејз, „астероидот е еден вид временска капсула којашто складира информации за времето на потеклото на Сончевиот систем“, Истражувањата на малите небески тела, додава Глејз, „ќе помогната подобро да се разбере процесот на формирање на планетите, како и процесот на потеклото и евоплуцијата на животот на Земјата“.

Приближувањето на леталото ќе може да се следи директно на мрежните интернет страници на NASA.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.