11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Летна кампања 2020 на РСБСП: Мотодефиле и симулациона вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), МВР, Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје, организираа јавен настан – мотодефиле и симулациона вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист.

 

Настанот се одржа денес, 11.08.2020 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, пред порта „Македонија“ во центарот на Скопје.

Мото дефилето започна 40-ина минути порано, околу 10.20 часот, а стартуваше од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11.00 часот, по што следуваше најавениот настан и изјавите за медиумите.

Тие како и секогаш во голем број ја проследија оваа иницијатива како и сите досегашни активности и кампањи на РСБСП.

 

Инаку, овој настан се реализираше како дел од „Летна кампања 2020“ која има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот, особено во летниот период, кога фреквенцијата на сообраќајот на патиштата е зголемена, а секако и активноста и движењето на мотоциклистите.