Цените паѓаат“, „Попуст од 50 отсто“, „Сезонска распродажба“, дури и „Ликвидација“, ова се дел од плакатите залепени по излозите на бутиците на секој чекор низ главниот град, иако летната сезона само што почна, пишува Дневник.
Долгата криза и намалениот стандард на граѓаните како да ги натера трговците изминативе неколку години да ги одврзат цените и да почнат со попустите порано од август, кога вообичаено се преполовуваа цените на тоа што не се продало од летната гардероба.
Брендирана летна облека и обувки уште од крајот на јуни, односно пред екот на сезоната, се нудат со попуст од 50 до 70 отсто, што не било практика пред неколку години.
Но, судејќи според искуството на граѓаните, се поставува прашањето дали брендираните производи во земјава на почетокот од сезоната се преценети, па на попуст да ја добијат реалната цена, за дури наесен граѓаните да го добијат попустот. Односно дали попустот е навистина попуст?
Познавачите коментираат дека маркетиншките трикови нема да се искоренат од менито на трговците, но може да се влијае на зголемување на свеста на граѓаните, кои познавајќи си ги своите потрошувачки права нема да дозволат на некој начин да бидат измамени.
Граѓаните коментираат дека не веруваат во декларативните попусти с` додека самите не се уверат оти цените на производите се навистина намалени.
Целиот текст можете да го прочитате тука.