Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега

Mинистерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас, коментирајќи ја одлуката на неговата држава да го укине задолжителниот тест за влез во земјата, порача дека земјата испраќа силна порака за безбедност до нејзините посетители со валиден европски сертификат.

-Нашата земја оваа година ги презема сите неопходни подготвителни чекори за да ги пречека нашите посетители за летната сезона, порано од кога било досега, почнувајќи од 1 март. Грчкиот туризам докажа извонредна издржливост во изминатите две години, испраќајќи силна порака за безбедноста на патниците во нашата земја. Истото ќе го направи и оваа година порача Кикиљас.

Ваквиот коментар на Кикиљас доаѓа отккао претходно, грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, соопшти дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.