Летниот одмор може да се води на два начина

Во случај да сте ја одбрале втората опција, да не заминете никаде, тогаш сигурно ви е многу тешко да надокнадите со спиењето, особено ако во канцеларија чекате безброј задачи.

Бидејќи работниот ден ни се чини бесконечен, викендот се покажува како посакуван и очекуван. Дури и повеќе од обично.

Изберете еден од двата дена, за да си подарите релаксирачко искуство во домашни услови.

Не треба да се трошат средства за посета на спа, едноставно обезбедете си неколку часа сами дома и следете ги овие чекори.

  1. Атмосфера

Многу важно е да си обезбедите соодветна атмосфера, за да се добие уште порелаксирачко доживување. Пуштете ги ролетните, изгаснете ги светлата и исклучете го телефонот. Најдете ги своите омилени свеќи со мириси и запалете ги. Тоа е почетокот на вашата аромотерапија.

  1. Када

Ако немате када, можете да си овозможите задоволство со добро поставени услови и под тушот. Користете масло за када или ароматичен гел за туширање. Оставете ја маската за коса да делува подолго и во тоа време масирајте го своето тело со природни масла. Не заборавајте на ноктите и рацете.

  1. Коса

Во случај да сакате навистина да се погрижите за вашата коса како што ќе се грижите за вас во бањата, направете си регенеративна терапија. Измешајте половина чаша сусам со една чаша масло од бадеми. Кон тоа се додаваат по пет капки етерично масло од лаванда и портокал. Масирајте неколку минути и замотајте ја косата со крпа. Оставете колку што можете подолго и потоа измијте ја со шампон и балсам.

  1. Лице

Направете си парна бања. Најдобро е да поставите билки во топла вода и да оставите за 5 минути. Препорачаната комбинација е нане, лаванда, розови листови и магдонос. Користете крпа на главата и останете неколку минути над пареата. Избришете го лицето и ексфолирајте.

  1. Масажа

Измешајте две чаши бадемово масло со десет капки од омиленото етерично масло.Започнете да ги масирате стапалата на нозете, продолжете кон колковите, градите и рацете.Не брзајте да испирате – наместо тоа замотајте се во крпа, за да се впијат маслата. Ќе ја почувствувате веднаш разликата и значително помеката кожа на допир.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.