Летонскиот Парламент едногласно усвои резолуција во која Русија ја обвинува за геноцид врз украинскиот народ и ги повика другите членки на ЕУ веднаш да престанат да увезуваат руски нафта и гас.
Парламентот се повикува на „детални и многубројни сведоштва и докази за брутални злосторства извршени од руската армија“.
Злосторствата вклучуваат убиства, тортура, сексуална злоупотреба, сквернавење на украински цивили во Буча, Ирпин, Мариупол и други места. Русија, исто така, киднапира и депортира украински граѓани на своја територија, се додава во резолуцијата. По делумното повлекување на руските сили од областа во северна Украина, откриени се тела на стотици цивили, од кои некои биле врзани.
Украина и САД ја обвинуваат Русија за геноцид. Меѓународниот кривичен суд во Хаг отвори истрага, додека Русија категорично ги отфрла обвинувањата.