Летото пристигнува: Еве како до совршена линија

Зимата е идеална за да се здебелите, повлечете дома, помалку да шетате и повеќе да јадете. И токму тоа е она што го поткопува секого, било маж или жена и да ја наруши идеалната линија која сте ја имале. И потоа повторно „јово на ново“, летните денови набрзо ќе пристигнат па треба да се подготвите фрлете се на диети, вежбање и ослабете.

Сепак, тоа не е така лесно, особено со оние килограми кои се „залепиле“ толку упорно и не се „даваат“ така лесно. Но, за да се ослободите и од нив, еве неколку работи кои треба да ги преземете.

Намирници богати со влакна се императив

Во оваа фаза од диетата метаболизмот веќе многу добро функционира, а дополнително поттикнете го јадејќи храна богата со влакна. Зошто:Затоа што таквата храна помага во побрзо согорување на маснотиите, но на некој начин го спречува таложењето и калориите. Па така, исполнете го менито со зеленчук како кељ, зелка, брокула, карфиол и печурки.

imagesЗаборавете на „лајт“ производите

На прв поглед намирниците на кои пишува „лајт“ или „без шеќер“ делуваат како примамливо, брзо и едноставно решение. Многумина токму во последната фаза од диетата посегнуваат по такви намирници, но тоа е огромна грешка. Неколку истражувања веќе покажаа дека „лајт“ производите содржат состојки кои исто така дебелеат, а не се ниту здрави.

Намалете го кофеинот и алкохолот

Сигурно веќе знаете дека кофеинот и алкохолот не се здрави намирници и дека во човековиот организмот предизвикуваат цела низа негативни ефекти. Освен тоа што не се здрави, не се ни добри за слабеење бидејќи, меѓу останатото, го забавуваат метаболизмот. Ако навистина сакате да го симнете и последниот вишок килограм откажете се и од овие задоволства.

Земајте ги овие пет додатоци на исхраната

Експертите советуваат секако да почнете со земање на пробиотици, комплекс витамин Б, калциум, масни киселини омега 3 и витамин Д. Зошто? Секој од наведените додатоци на исхраната ги поддржува здравите процеси во телото и го забрзува метаболизмот и го штити системот за варење. Резултатот ќе биде вие поздрави и послаби.

Спијте седум до осум часа во текот на ноќта

И квалитетниот сон има исклучително важна улога во слабеењето. Седум од осум часа сон создаваат здрава рамнотежа наimages (1) хормоните во телото, а резултатот е нормален апетит. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат малку и нередовно имаат поголем апетит и се склони кон дебелеење.

Вежбање

Сигурно не мислевте дека може да поминете без вежбање? Тоа е клучна алка при слабеењето затоа е важно правилно да вежбате. Ако никако не можете да се ослободите од најупорните килограми, вежбајте неколку пати на ден. Пред да кажете дека немате време, знајте дека е доволно и 10 минути напорни вежби за да ја оформите линијата. На пример, наутро кратко трчајте, околу пладне качувајте се по скали, а навечер бавете се со некој спорт. Што и да правите, важно е интензитетот да биде силен.