Летото се враќа во Франција со 30 степени викендов

Летните временски прилики ќе ги подигнат температурите до 30 Целзиусови степени во делови од Франција по седмицата континуирани благи ветрови, најавуваат метеоролозите.

Југозападот на Франција би можел викендов да забележи температури меѓу 27 и 30 степени, извести метеоролошката служба Météo France.

Температурата во областите покрај границата со Шпанија би можела да се искачи и на повеќе од 30 Целзиусови степени.

Потоплиот воздух од Канарските острови и Пиринејскиот полуостров ги предизвикува температурите во Франција за четири до пет Целзиусови степени над просекот за овој период од годината.,

Како што истакнуваат од Météo France во својата прогноза, бранот потопло време се случува во заднината на сѐ повидливите климатски промени. Топлотните бранови не само што се сѐ почести и поинтензивни, веќе се јавуваа и порани и подоцна во годината, како што е седмицава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.