Летово индискиот сој ќе доминира во Германија

27

Позаразениот сој Делта на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија во текот на летото, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

– Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото, и во прашање се недели а не месеци – изјави Шпан на прес-конференција.

Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика другите членки на ЕУ да се заземат построги гледишта околу патувањата од државите кои се надвор од ЕУ, како Велика Британија, за да се сузбие ширењето на делта сојот на ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.