Лев: Германија мора да победи против Јужна Кореја

Германскиот селектор, Јоаким Лев ја „смирува“ топката и вели дека еуфоријата по победата над Шведска не треба да се префрли на нивниот денешен натпревар против Јужна Кореја и дека неговиот тим, едноставно, мора да победи.
Германците славеа против Швеѓаните со голот на Тони Крос од слободен удар во 95 минута, кој стартуваше во тимот на местото на Озил, но постои можност фудбалерот на „Арсенал“ да се врати во тимот за денешниот натпревар.

По натпреварот со Шведска Озил покажа одлична реакција на тренингот, како што очекував од сите кои не играа. Затоа сите се во опција за дуелот со Кореја, мислам дека имаме 18 играчи подготвени за овој дуел. Само Себастијан Руди поради повреди и Боатенг поради црвен картон не може да играат. Матс Хумелс повеќе нема проблеми, рече Лев.

Напаѓачот Томас Милер исто така е критикуван поради лошата игра, а Лев вели дека имале долг разговор со фудбалерот на „Баерн“.

По дуелот со Мексико се обидовме да го анализираме неговиот начин на играње гледајќи ги снимките. Тој е човек кој е многу отворен за коментари и е многу самокритичен. Долго време разговаравме за некои работи и знае во каква ситуација е – тој е тип на играч кој секогаш гледа напред и го задржува позитивниот став, вели Лев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.