Леванте го доби градското дерби

Леванте минимално со 1:0 го совлада градскиот ривал Валенсија во петокот вечерта во првиот дуел од 27-то коло на шпанското фудбалско првенство.

Решавачкиот погодок го постигна Рожер Марти уште во 18 минута. Ова бепе првиот триумф на Леванте во последните девет соочувања со Валенсија.

Со оваа победа Леванте напредуваше на табелата за три позиции и сега е осми со 32 бодови, додека Валенсија привремено е 12-та со 30 бодови.

На табелата во Ла Лига води Атлетико Мадрид со 62 бодови, Барселона е втора со 56 а трет е Реал Мадрид со 54 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.