Леванте го победи Атлетико во Мадрид, Реал се приближи на минус три

Со саботната минималната победа остварена на гостувањето кај Вајадолид, фудбалерите на мадридски Реал дојдоа до само три бода заостанување од водечкиот градски ривал Атлетико, кој претходно на својот стадион „Ванда Метрополитано“ во 24-то првенсвено коло киксираше протви Леванте.

Погодокот за „Кралевите“ вреден три бода во Вајадолд го постигна Бразилецот Каземиро во 65 минута по убавото нафрлување од Тони Крос. За играчот од средината на теренот Каземиро ова е петти погодок сезонава во шпанското првенство, со што е втор меѓу стрелците на Реал.

Изненадувачка победа остварија фудбалерите на Леванте кои како гости го совладаат водечкиот Атлетико со 2:0, а сао три дена откако на екипата на Диего Симено како домаќини ѝ откинаа бод во одложениот натпревар од 2-то коло.

Гостите на „Ванда Метрополитано“ поведоа во 30 минуита кога ударот на Моралес го скршна домашниот одбранбен играч Мано Ермозо што го измами голманот Јан Облак. Облак имаше улога и во вториот погодок, кога во последните секунди од петтата минута од судиското продолжение на мечот тргне по израмнување во гостинскиот шеснаесетник да им помогне на своите напаѓачи. Но Хорхе де Фрутос го пресече додавањето по левата страна и тргна сам кон небранетата домашна мрежа, никој не можеше да го стаса и речиси од средината на игралиштетот го постигна голот за конечните 2:0.

Атлетико остана на врвот од табелата со 55 бодови, а сега Реал го следи со 49 бодови, но „Кралевите“ имаат и меч повеќе, а трета е Барселона со 46 бодови а својот меч од ова коло ќе го игра в сабота. Леванте со победата во Мадрид се искачи на осмото место со 31 бод, а Вајадолид и натаму е претпоследен 19-ти со 21 бод, колку што има и Еибар кој е на безбедното 17-то место.

Со погодоците постигнати длабоко во судсикото продолжение на натпреварот, фудбалерите на Валенсија ја совладаа Селта Виго со 2:0 во дуелот одигран на „Местаља“.

Гостите успешно се спротиставуваа до 64 минута, кога беше исклучен Рубен Бланко поради невнимателен и опасен старт. Бројната предност Валенсија ја искористи дури во четвртата минута од доигрувањето, кога Ману Ваљехо погоди за водството а четири минути подоцна победата на „Лилјаците“ ја запечати Кевн Гамеиро.

Валенсија скокна на 12-то место со 27 бодови, а Селта Виго остана на 10-то место со 29 бодови.

Во првиот саботен натпревар Елче на свој терерн го совлада Еибар со погодокот на Дани Клаво во 33 минута. Еибар и Елче сега се израмнети со по 21 бод, но поради подобрата гол-разлика Еибар е на спасоносното 17-то место, а место подолу кое води во Секунда е Елче.

Во недела програмата започнува со мечот Барселона – Кадиз, а продолжува со дуелите Реал Сосиедад – Алавес, Уеска – Гранада и Атлетик Билбао – Вилјареал, а во понеделникот вечерта играат Осасуна – Севилја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.