Леванте нема што да бара на Винсенте Калдерон

Премиерниот натпревар од 17. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Елче и Малага, заврши со минимален триумф на гостинот.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 6 минута беше дело на Игнасио Камачо, а поради втор жолт картон, патот кон соблекувалната во 61 минута му беше покажан на домашниот фудбалер, Дамиан Суарез.

Тимот на Леванте би требало да биде најновата жртва на моментално второпласиранот тим на табелата, Атлетико (М), а голема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на пресметката помеѓу екипите на Вилјареал и Севилја.

Денеска на програмата: Гранада – Сосиедад, Вилјареал – Севилја, Атлетико (М) – Леванте, Бетис – Алмерија.