Левица до Рашковски: Тужи нѐ веднаш – побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат!

75

Тужи нѐ слободно, веројатно побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат, му порачаа од Левица на владиниот генерален секретар Драги Рашковски, откако тој вчеа ја наброја оваа партија меѓу субјектите што ќе ги тужи за клевета по објавувањето на аудио-снимката поврзана со тендер на МНАВ.

Затоа, Драг(и) Рашковски, меѓу останатите сега и нас ни дојде редот да ти кажеме: тужи нѐ слободно! Тужи нѐ веднаш – веројатно побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат! Нема да си ниту прв, ниту последен! Нека види народот дека кога вистината и обединетоста е на негова страна, силата на елитистичкото бизнисменско малцинство не му може ништо! Биди немилосрден, бидејќи кога ќе дојде нашиот ред, нема да се извинуваме за народната немилосрдност кон тебе!”

Од таму додаваат дека СДСМ е тендер-партија, чии денови на владеење, според партијата, се избројани после флагрантното негирање на волјата на народот на референдумот за промена на името.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.