Левица доби процес против МВР пред Уставниот суд

659

Во Уставниот суд во четвртокот се одржa досега невообичаена за македонски услови јавна расправа по иницијативата поднесена од политичката партија Левица, којашто се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и дискриминација по основа на политичка припадност.

Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир и дека носат транспарент што повикува на омраза, а на кој пишувапе „Против војната за профити“, членови на Левица ланскиот јули беа спречени во обидот да направат мирен протест на плоштадот во центарот на Скопје, каде што се одржуваше презентација на воена опрема од САД.

Застапниците обвинија дека станува збор за повреда на слободата и правата за изразување, бидејќи лишувањето од слобода од страна на полициските службеници било спротивно на законот и на Уставот.

Претставничката од МВР, Татјана Калајџиска, посочи дека против полициските службеници се поднесени дисциплински мерки затоа што е утврдено дека поплаките од граѓаните се основани. Со какви казни се соочиле полицајците за одземање на правото на протест и изразување, јавноста досега не е информирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.