Левица: Им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ! (ВИДЕО)

На вчерашниот марш за правда во организација на СДСМ, членови на Левица беа физички нападнати и им беше искинати транспарент на кој пишуваше: „Кој го пушти убиецот на Мартин?“ и „Зошто Мијалков е на слообода?“…

„На вчерашниот владин марш за “правда” се напаѓаа мирни активисти на Левица, беа одземени насилно транспаренти од владиното обезбедување и коридор полицајци ги обиколуваа нашите членови кои прашаа “ЗОШТО МИЈАЛКОВ Е НА СЛОБОДА?”

Вистинското насилничко однесување карактеристично за СДС кон обичните граѓани дури и на нивниот скап циркус беше демонстрирано.

Правдата ја претворија во тезга за подмирување на нивните алчни интереси, националното достоинство градено со децении го уништија за нецела година, додека народот го доосиромашија во нивните приватизациски криминали.

Тие чекореа уценети и поткупени за свои лични бенефиции и привилегии – додека ние искрено и без страв им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ!

Затоа ние не прифаќаме ниту МИР, ниту КОМПРОМИС со нивната црвена буржоазија! Искрата за слобода кај македонскиот народ секогаш тлеела – и истата допрва ќе се разгори!“, стои на фејсбук страницата на Левица