Левица повика пред Собрание во 12 часот за гласно НЕ против бугаризацијата

Денес е последниот ден од собраниската расправа, на која михајловистичката СДС и амнестираната ДУИ се обидуваат насилнички да го протуркаат ,,францускиот предлог” на ЕУ за бугаризација на Македонија, посочија од Левица.

„Како што заеднички и обединето протестиравме изминативе две недели, ве повикуваме на последниот ден, во што поголем број, во 12 часот пред Собранието на Република Македонија.
Македонија е заробена од окупациона влада, која нема слух за 75% од граѓаните кои се изјаснаа против францускиот предлог.
Затоа ве повикуваме во што поголем број пред Собранието – за предавничките пратеници од власта да го слушнат вашиот глас, додека внатре бесрамно ја негираат волјата на мнозинството македонски народ.

Ве повикуваме за гласно НЕ против врховизмот на власта – додека квинслишките СДС и ДУИ ги бранат шовинистичките позиции на Бугарија.

Ве повикуваме за гласно НЕ против бришењето на АСНОМ, за гласно НЕ против фуснота на македонскиот јазик, за гласно НЕ за ревидирани учебници под диктат на Бугарија.
Конечно, хибридниот режим денес нека го слушне крикот на отпорот на народот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.