Левица: Приватизирање на Македонски железници е евтин обид за полнење на Буџетот

Ќе се гради пруга од Кичево до Лин
Ќе се гради пруга од Кичево до Лин

Приватизирање на Македонски железници, според политичката партија Левица, е евтин обид за краткотрајно полнење на буџетската каса преку продажба на нешто, кое пред се, не е нивно за продавање.

Реакцијата на партијата доаѓа по изјавата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески дека Владата размислува за приватизирање на Македонски железници.

-Политиката на распродажба на секое јавно добро мора да престане, сметаат од Левица.

За денес напладне Левица најави прес-конференција на која ќе ги образложи причините поради кои партијата е против приватизација на железницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.