Левица: Уништувањето на природата е високо на агендата на оваа власт!

Интегрално соопштение на Левица:

Нема планина која не се уништува, нема река која не се загадува, нема поле чија почва не се деградира. Покрај уништувањето на националниот и културен идентитет, владата на СДС ќе остане запаметена и по немилосрдното уништување на природата.

Имено, Владата додели вкупно 18 концесии од тендерот објавен во јануари минатата година, со кој беа планирани изградба на 22 мали хридоелектрани. Владата донесе одлука три мали хидроелектрани да се градат на Шар Планина, две на Јакупица и две на Кожув.

Причината за еколошкиот геноцид кој се припрема на овие планини, во конкретниот случај на планината Кожуф, произлегува од мотивите за профит на поединци на сметка на природното богатство. Уништувањето на флората и фауната создадени од бројни ендемизми не се никаква пречка за Макрадули, Бектеши и Нуредини да издадат дозвола за изградба на мали хидроелектрани чии негативини ефекти ќе имаат трајни последици.

Повикуваме на стопирање на сите проекти за експлоатација на природните богатства вклучувајќи и изградба на хидроелектрани, особено без претходни темелни, стручни и непристрасни анализи за импактот врз природата. Дополнително потсетуваме дека за Левица, отуѓувањето на природните ресурси е недозволиво, па оттука, во политичката платофрма недвосмислено предвидуваме национализација на сите природни ресурси и заштита на природата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.