Левичарска група виновна за бомбашкиот напад на грчката ТВ Скај

Малата левичарска група „Народни борци” ја презеде одговорноста за декемврискиот бомбашки напад пред зградата на грчката приватна телевизија „Скај”, во која никој не беше повреден.

„Народни борци” објавија дека нивните цели биле телевизиска и радио станица „Скај” и весникот „Катимерини” и оти тоа го извеле во знак на протест поради поддршката на тие медиумски организации за мерките за штедење за време на осумгодишната финансиска криза во Грција. Групата ги обвини тие медиуми за промоција на „капиталистичка програма“ во земјата, како и за помагање за зачувување на „гнилата економија и политички систем“.

Силна експлозија одекна на 17 декември, пред зградата на Скај ТВ, предизвикувајќи штета, но немаше повредени.

Експлозијата предизвика огромна штета на зградата, а вработените беа евакуирани пред експлозијата по анонимна дојава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.