Левиот блок во Шведска извојува тесна победа, значајна поддршка на крајната десница

Левата коалиција предводена од социјалдемократите на парламентарните избори во Шведска во неделата издвојува многу тесна победа над партиите на десниот центар, додека крајно десната противдоселеничка партија Шведски демократи остварија значаен раст на поддршката, покажуваат прелиминарните податоци на државната изборна комисија според кои ќе има неизвесности околу фомирањето на новата влада.

По преброените гласачки материјали во речиси сите 6.004 изборни окрузи, со 40,6 отсто гласови во благо водство е партијата на левиот центар Социјалдемократи на премиерот на заминување Стефан Лофвен, како и Зелените и нивниот парлемантарен коалициски партнер Левата партија.

Од друга страна, четиричлениот блок на десниот центат Сојуз/Унија, кој го сочинуват конзервативната Партија на умерените, Партијата центар, либералите и демохристијаните, кои за премиерската должност би го номинирале конзервативниот лидер Улф Кристерсон, во моментов освојуваат 40,3 отсто од гласовите, според прелиминарните податоци на шведската државна изборна комисија.

Со тоа коалицијата на левиот центар во парламентот од 349 пратеници во моментов освојува 144 мандати, а Сојузот добива 142 пратеника, а имајќи предвид дека никој го нема неопходното мнозинство од 175 гласови се очекува неизвесност во врска со формирњето на владата.

Националистичките Шведски демократи во моментов имаат 17,6 отсто од гласовите, значително повеќе од минатите избори, кога имаа 12,9 отсто поддршка, а кога првпат се појавија на изборите во 2006 година освоија 2,9 отсто, по што следеа 5,7 отсто во 2010 година. Тоа им носи 63 пратенички места, а нивниот челник Џими Акесон порача ноќта кон понеделникот по објавувањето на прелиминарните резултати дека е подготвен да разговара и да соработува со сите други партии, велејќи дека остварениот позитивен резултат на овие избори сака да го претвори во вистинско влијание.

„Ќе оствариме огромно влијание на она што ќе се случува во Шведска во текот на следните седмици, месеци и години“, тврди Акесон кој својата партија ја прогласи за вистински победник на овие избори.

Тој се надева дека неговата партија, којашто се залага за напуштање на Шведска на Европската унија и запирање на имиграциите, може да им решавачка улога во преговорите околу формирањето на владата. Акесон, исто така, на челникот на коалицијата на десниот центар Кристерсон предизвикувачки му порача да избира меѓу барањето поддршка од Шведските демократи и уште четири години влада на социјалдемократскиот премиер Лофвен.

Кристерсон, пак, по објавувањето на прелиминарните резултати му порача на Лофвен дека е време да отстапи од својата позиција, додека истовремено ја отфрли можноста од соработка со партикјата на Акесон. „Во текот на целите избори бевме целосно јасни. Сојузот нема да владее или да разговара за тоа како да формира влада со Шведските демократи“, порача Кристерсон.

Лофвен изјави дека нема намера да отстапи, притоа повикувајќи ја коалицијата од десниот центар на меѓублоковска соработка за да се изнајде излез од „политичкиот ќорсокак“. „Ниедна страна нема мнозинство, оттаму единствено е природно да се надминат политичките поделби за да може да се управува со Шведска“, рече Лофвен. На поборниците им порача дека Шведските демократи „го славеа Хитлер и го распламтеа пламенот на расизмот“, тврдејќи дека умерените партимаат „морална одговорност“ за формирање влада.

Во екот на стравувањето од имиграциите, Шведска како една од најлибералните европски држави европски држави на овие ибори доживеа скршнување в десно. Ултрадесните партии изминатите години постигнаа заначаен подем ширум Европак во екот на сé поголемите и сé погласните стравување за сопствениот национален идентитет и ефектот од глобализацијата по судирите на Блискиот истој и во Африка. Така, пријателот на 163.000 баратели на азил во 2015 година, што е најмногу во Европа во однос според бројот на жителите од 10 милиони, ги поларизираше и гласачите во Шведкса и ги разби политичките консензуси.