Ли: Додека има надеж, ќе го бараме авионот

Кинескиот премиер Ли Кеченг вели дека „додека постои трошка надеж, Кина ќе ја продолжи потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс и нема да се откаже од него“.

Кинеската агенција Синхуа вчера јави за сателитски снимки од предмети во морето кај јужен Виетнам и навела дека се претпоставува дека се делови од остатоците од исчезнатиот авион.

Во извештајот е наведено дека фотографиите се снимени во неделата деветти март околу 11 часот.

212726361353215af4a0ed9848124097_orig

 

Дадени се и координати за локацијата кај јужниот Виетнам, а источно од Малезија, каде првобитно се трагаше по авионот што исчезна во саботата наутро.

Агенцијата навела дека најголемиот од трите снимени предмети е долг 24 метри, а широк 22 метри.

Очајничката потрага по исчезнатиот „Боинг 777“ на „Малезија ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот е одбележана од низа траги што водеа во погрешна насока.