Ли: Хаосот во Хонгконг ќе го завршиме согласно законот

Кина ќе стави крај на хаосот во Хонгконг во согласност со законот, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг во петокот во текот на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел која престојува во тридневна посета на Пекинг.

Премиерот Ли Кечијанг, кој првпат ги коментираше безредијата во Хонгконг, рече и дека Кина поседува доволно мудрост да го реши овој проблем според законот.

Последните седмици, особено на Западот, се појавија шпекулации и стравувања дека Пекинг наводно би можел да испрати восјка по барање на владата во Хонгконг за да ги задуши масовните протести во оваа поранешна бротанска колонија која во 1997 година се врати во матицата Кина со статус на регион со широка автономија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, рече дека го поздравува потегот на Хонгконг од претходно седмицата кога и официјално беше повлечен предлог-законот за израчување на осомнитечни во регионот на централните власти во Пекинг, поради што пред речиси три месеца и започнаа протестите.

„Сега се надевам дека демонстрантите ќе учествуваат во дијалогот“, рече канцеларката Меркел.

Лидерите на хонгконшкото протестно движење побараат средба со Меркел, меѓутоа нејзиниот портпарол рече дека тоа не е планирано.

Ли и Меркел потпишаа вкупно 11 договори за соработка во областите како што се авијацијата, чистата енергија, финансиите и образованието. Нејзината посета на Кина е најмногу насочена на трговијата.

Меркел притоа изрази надеж дека наскоро ќе биде решена и американско-кинеската трговска војна, којашто влијае и на другиет земји. Германсата економија е на работ од рецесија, додека кинексата економија расте најбавно во последните речиси три децении.

Германската канцеларка, којашто е придружувана од голема деловна делегација, исто така, рече дека се надева оти наскоро ќе биде финализиран договорт за инвестирањата меѓу Европската унија и Кина. И Германија и ЕУ во текот на минатата година воведоа построги правила за процена на странските вложувања, поради што Пекинг ги обвини за протекционизам.

Меркле ќе има средба и со кинескиот претседател Кси Џинпинг на вечера во петокот, а во саботата патува во Вухан за да се средне со деловни луше и студенти од Универзитетот Хуажонг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.