Либан ќе води истрага дали причина за експлозијата е бомба или странска вмешаност

Либанскиот претседател Мишел Аун изјави во петокот дека се разглeдуваат неколку верзии во истрагата за најголемата експлозија во историјата на Бејрут и ќе се испитува дали причината за неа е бомба или некоја друга странска активност.

„Истрагата за експлозијата во Бејрут истражува неколку верзии, вклучително и небрежност, несреќен случај, како и надворешнo влијание“, изјави претседателот Аун. кого го цитира телевизијата Al Arabiya.

Либанскиот претседател додал дека од Франција побарал да спроведен снимање на местото на несреќата од воздух за да се утврди точната причина за експлозијата.

„Причината за експлозијата сѐ уште не е утврденa. Постои можност за странска вмешаност со ракета, бомба или нешто друго“, рекол претседателот Аун.

Претходно претедателот потврди дека високо експлозивната супстанција со години била сkладирана во пристаништетот во несоодветни услови, без заштитни мерки.

Првичните резултатите од истрагата, според неименувани извори на Reuters, укажувале на небрежност. Либанските медиуми уште во средата објавија дека полициски извори навеле дека искри при заварување на резервоарите во складиштето за да се спречат кражби, го запалиле амониум-нитратот кој експлодирал.

САД изјавија дека не исклучуваат напад, а Израел кој со Либан водеше неколку војни а чии сили пред десетина дена беа вклучени во престрелки на заедничката граница, веднаш по експлозијата негираше своја поврзаност со трагедијата во Бејрут.

Во експлизијата досега се потврдени 154 жртви, како исчезнати се водат повеќе десетици лица, а ранети се над 5.000 луѓе од кои 120 се во критична состојба. Материјалните штети, кои се со сеизмички димензии во кои се разорени четири болници во градот а уште 17 се тешко оштетени, може да се зголемат на 15 милијарди американски долари. Притоа 300.000 жители останаа без своите домови, од кои 100.000 се деца.

Либанската економија минува низ тешка криза, валутата е во слободен пад, долговите постојано растат, а Либанците уште од октомври минатата година протестираат против политичките елити кои ги обвинуваат за лошо управување со земјата и државна корупција која со децении го тресе Либан.

Либанците излегоа на протести и во четвртокот во текот на францускиот претседател Емануел Макрон и побараа да им помогне „да се ослободат од актуелната власти и Хезболах“ моќното шиитско движење кое е сојузник на Иран.

Владата на премиерот Хасан Диаб, формирана во јануари 2020 година, е претставена како кабинет на технократи, а е критикувана дека е подредена на партијата на претедателот Мишел Аун – Слободното патриотско движење и неговиот неуништив сојузник Хезболах (Божјата партија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.