Либан во темница поради прекин на работата на двете најголеми електрани

Либан во саботара е во целосна темница откако пораи недостиг од горива престанаа да работата двете најголеми термоцентарли, соопшти либанската државна електроенергетска компанија EDL.

Во земјата, којашто е зафатена со незапаметената економска криза којашто Светската банка ја нарече најлошата во историјата на светот од 1850 година, пред неколку месеци беа воведени изворедно строгите мерки за штедење на електричната енергија чијшто прекин во снабрудвањето на крајот изнесување и 22 часа на ден, а покрај оа тешка има и со увозот на горива според историскиот пад на националната валута и недостигот од странски валути.

Прекинот во испораките на електричната енргија го парализира животот на либанскот население и важните економски сектроир, а сопствениците на приватните агрегати за струја отежнато ги снабдуваат продавниците, болниците и домаќинствата поради недостигот од горива.

„Откако центаралта Деир Амар вчера наутро мораше да престане со производството на електрична енергија, бидејќи ги исцрпи сите резерви на нафта, и елекраната Захрани денеска попладето престана да работи од истите причини“, се наведува во соопшението на EDL.

Toa предизвикало „целосен пад на елктромрежата и засеега не е можно повтроно да проработи“, се додава и се истакнува дека другите ценарли во земјата работат на минимумот.

Станува збор за втора пад на мрежата од почетокот на октомври за кој известува EDL. По правиот пад, мрежата проработи по неколку дена.

Извор од министерството за енергетика на Либан за AFP рекол дека се „вложуваат напори да се изнајде решение“.

Во соопштението на EDL се истакнува дека танкер со нафра треба да пристигне во саботата навечер, а горивото би требало да биде истоварено на почетокот од следната седмица.

Меѓународната заедница бара од либанските власти итно спроведување на реформите, во прв ред на EDL кој стана симбол за лошо управување и уривањето на јавните служби во Либан. Новата влада во Бејрут, составена во септеври по 13 месеци меѓусбни обвинувања на политичките сили, се обврза да ги спроведе реформите во електроенергетскито сектро и на на постепено нормализирање на јавната електромрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.