Либан за премиер именуваше милијардер да ја реши длабоката економска криза

По консултациите со различните парламенентарни блокови во понеделникот, либанскиот претседател Мишел Аун именуваше нов премиер кој ќе се справува со длабоките економски проблеми на земјата, соопшти претседателскиот кабинет.

Шеесет ишестгодишниот Наџиб Микати, милијардер и деловен човек кој двапати беше премиер во 2005 и во 2011 година, ги доби во понеделникот 72-те гласа потребни за формирање на новата влада.

Микати, кој потекнува од северниот пристанишен град Триполи, го истакнаа за кандидат главните парламентарни блокови во Либан, вклучително и влијателното проиранско шиитско движење Хезболах.

Христијанските блокови и сили во Либан и Слободното татковинска движење на претедател Мишел Аун не кандидираа ниеден кандидат за премирската должност.

Задачата на новиот премиер ќе биде формирање, главно на технократска влада, којашто мора што поскоро да одговори на економската криза, најдлабоката која го погоди Либан од завршувањето на граѓанската војна во 1990 година.

Според либанскиот устав, претседателот мора да се советува со различните политички коалиции во парламентот пред да го повика премиерот да ја состави новата влада.

На 15-ти јуни мандаторот Саид Харири се повлече, образложувајќи дека не можело да се надмина политичките борби. Преодниот премиер Хасан Диџаб поднесе оставка по незапаметената експлозија со трагични последици во пристаништето на главниот град Бејрут на почетокот од ланскиот август.

Ппретседателот на Либан треба да биде христијански маронит, премиерот сунитски муслиман а претседателот на парламентот шиитски муслиман, според непишаниот договр за воспоставување на рамнотежата во мултиконфесионалната држава која датира од 1943 година.