Либанката Шамун доби поддршка за голите фотографии

Либанската скијачка Џеки Шамун (22) доби голема поддршка на интернет, откако во јавноста излегоа нејзините топлес фотографии. Џеки призна дека заедно со уште една скијачка од нејзината земја позирале за австриски ски каленсар. Но, откако нејзиние провокативни фотографии излегоа во јавноста , наиде на осуда во јавоста во својата земја.

Либанката, веднаш се извини, а во меѓувреме на социјалните мрежи се појави група за нејзина поддршка која се вика “Не сум гола”

“Ова го правиме за нашите врсници кои мораат правилно да ги распоредат приоритетите во животот. Ове е борба против цензура . Борба за слобода “ се наведува во пддршката на либанската скијачка.

Топлес снимките на либанската олимписка скијачка предизвикаа бура и во Либан Министерот за култура и спорт Фејсал Караме, побара итна истрага за целиот случај. Тоа му наложи на либанскиот олимписки комитет да преземе „соодветни мерки“ против виновниците, оценувајќи дека „срамните фотографии“ му наштетиле на угледот на Либан.
На осудите на скијачката се спротиставија и неколку бејрурски весници , покажувајќи ја на тој начин сложеноста на либанското општество. Уредникот на весникот „Ал Акбар“ Пјер Аби Сааб, побара од властите „да го остават на мир задникот на Шамун“, додека весникот „Ал Сафир“ ги повика Либанците да и се извинат на скијачката, за упатените критики. Според овој весник, Шамун со своето позирање, успеала да „ги соголи сите во Либан“ и да покаже какви се луѓето.

Конзервативниот дел во домашната јавност го поддржува министерот Караме и остро ја осудува скијачката, затоа што, како што се вели, самата се „осрамотила“ и сите другите, снимајќи се разголена. Конзервативците бараат таа да биде „прописно казнета“.
Либан едно време важеше за најлибералната земја во арапскиот свет, но сега е длабоко поделен околу секуларноста, почитувањето на исламските правила и тврдиот исламизам.