Либанската армија ги отстрани препреките на патиштата, демонстрациите продолжуваат

Либанската армија денеска ги отстрани препреките кои демонстрантите ги поставија на клучниот пат што Бејрут го поврзува со предградијата и истичниот дел на земјата, во која економската криза е се подлабока.

Препреките се отстранети на десетиот ден од протестите во кои демонстрантите повикуваат на граѓанска непослушност се додека владата не поднесе оставка.

Досега невидените демонстрации ги собраа Либанците од сите секти и сите политички припадности, обединувајќи ги во заедничкото барање за повлекување од власта на сите долгодишни политичари, обвинети за корупција и лошо управување