Либански Хезболах не очекува „тотална војна“ поради Сирија

Либанското шиитско движење Хезболах, коешто е помагано од Иран и е сојузник на силите на претседателот Башар ал-Асад во сирискиот конфликт, не верува дека последната криза околу Сирија ќе прерасни во директен американско-руски судир или поширока светска војна, изјави земеникот на челникот на движењето во коментарите објавени во петокот.

„Ја исклучуваме можноста ситуацијата да прерасне во директен американско-руски суди или поширока состојба на војна“, изјави шеик Наим Касем во интервјуто за либанскиот весник al-Joumhouria.

„Условите не наведуваат на тоа дека може да дојде до тотална војна…. освен доколку (американскиот претседател Доналд) Трамп и (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху целосно не го загубат разумот“, додава Касем.

Трамп се закани со воена акција против Сирија поради наводниот хемиски напад врз веќе поранешното исламистичко упориште Дума во близина на Дамаск, додека Русија возврати дека станува збор за фабрикувана провокација чијашто цел е западен напад врз сириските владини сили кои имаат постигнато големи успеси на боиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.