“Либерал”: Заев ќе им даде еднаков статус на Албанците и ќе ги уназади Македонците

албанците

Албанците од пј Р Македонија се договорени со лидерот на социјал-демократската партија Зоран Заев да им даде статус на еднаквост и заедничко владеење на националните заедници, што претставува сериозно уназадување за ‘Словените’ во Скопје, се вели во анализата на порталот посветена на плановите за голема Албанија.

Во текстот се вели и дека албанскиот премиер Еди Рама ја предизвикува стабилноста на Грција и целиот Балкан, а пак во однос на Македонија, се потенцира и улогата на соседна Бугарија. Анализата потсетува дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во мај минатата година, во говор пред Парламентот, предупреди за агендата за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија.

Груевски уште го држи кормилото во земјата

Грчката државна телевизија ЕРТ информираше за собирот на владејачката партија во главниот град, нагласувајќи дека на него беше присутен и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој што меѓудругото, ја пофали Македонија за справувањето со бегалците. ЕРТ информира и дека партијата на Никола Груевски е во водство пред опозициската СДСМ.

Сепак, Груевски уште го држи кормилото во земјата, додека анкетите покажуваат дека партијата има водството од 5 до 9 проценти во споредба со опозицијата, се вели во текстот.

И грчката државна новинска агенција АНА-МПА информира дека во Скопје беше одржан масовен собир на владејачката партија, која што според сите анкети, води пред опозицијата.