Либералите дадоа зелено светло за преговорите за германската „семафор коалиција“

Либерланата партија Слободни демократи на Германија (FDP) во понеделникот даде зелено светло за почеток на коалициските преговори со Социјалдемократската партија на Германија (SDP) и со партијата Зелени (односно сојузот Bündnis 90/Die Grünen) за составување на новата сојузна влада.

„Гледаме големи шанси но и големи предизвици, но ја сим полн со оптимизам дека коалициските преговори ќе завршат со составување на коалициска влада меѓу социјалдемократите, зелените и либералите“, изјав претседателот на FDP, Кристијан Линднер по состаникот на претседателстово на партијата во Берлин.

Истакна дека FDP ќе биде гаранција дека новата влада нема да биде „влада на левицата“.

„Граѓаните на изборите на крајот од септември не избраа скршнување на лево. FDP е гаранција дека владата ќе биде влада на (политичкиот) центар“, рече Линднер.

Го отфрли нагаѓањата за наводни кавги поради поделба на ресорите во новата влада. Германските медиуми претходно дека на позицијата министер за финансии претендираат и Кристијан Ленднер и потпретседателот на зелените, Роберт Хабек.

Одобрува на преговорите за колицијата во петокот даде претседателството на социјалдемократите, а во неделата и водството на зелените. Доколку меѓупартиските преговори завршат успешно, нов голем канцелар би станал кандидатот на SPD, Олаф Шолц.

Сите партии од можната нова владејачка коалиција во центарот на своето дејствување ја ставија потребата од модернизацијата на Германија, со особен нагласување на дигитализацијата.