Либидото најмногу расте во есен

161

Променливото време најавува доаѓање на студени денови и долги ноќи. Повеќето од нас веќе се длабоко носталгични по летото и убавото време кое си оди со него. Не очајувајте! И есента и студените денови имаат свои квалитети.

Либидото расте

Да, научниците во повеќе наврати потврдија, либидото најмногу расте во есен. Ова е во генитена луѓето и во нивниот животински инстинкт за парење, хормоните се најмногу активни во овој период – објаснуваат експертите.

Женските облини се најнеодоливи во есен

Чудно звучи секако, кој би им одолеал на жените кога се во бикини? Но, научниците не се согласуваат. Тие својот став повторно го вртат кон хормоните. Тестостеронот кај мажите е виновен што женските облини се најмногу привлечни во есенскиот период. Тие велет дека во овој период на мажите им недостасуваат разголените женски тела па затоа тестостеронот има зголемено лачење, а мажите имаат зголемен интерес за воочување на женските облини.
Вишкот тестостерон е и објаснување зошто либидото кај мажите во есен е многу големо.

Долга есенска ноќ

Летото е убав период, кој не тера да го поттикнеме нашиот авантуристички дух, да патуваме да се движиме да уживаме … но, есента е најромантичниот период во годината. Долгите есенски ноќи, топлото време, топлите пијалоци, заедно со добар филм … Ладното време ги зближува партнерите многу повеќе отколку во лето. Па поради ова и сексот во есента е многу романтичен и незаборавен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.