Либиската Меѓународно призната влада тври дека соборила два авиона и хеликоптер на армијата на генерал Хафтар

Силите на Меѓународно признатата влада на Либија соопштија дека соборила два борбени авиона и хеликоиптер на силите на генералот Калифа Хафтар.

Владата на национално единство (ГНА) соопшти дека соборила три летала источно од средоземноморскиот град Мисрата.

На прес конференција, полковникот Мухамад Кануна изјави дека воздушните одбранбени сили на ГНА ги пресретнале авионите на Хафтар во подрачјето Абу Граин и собориле два авиона „Винг лонг“, од кинеско производство, и еден руски хеликоптер „Ми-35“.

„Ал Џазира“ информира дека во судирите погинале девет војници на ГНА и повеќе од 30 војници лојални на генералот Хафтар, вклучувајќи и еден дел судански и чадски борци.

Извори за телевизијата, исто така, соопштија дека силите на ГНА во нападите врз Либиската национална армија (ЛНА) на генералот Хафтар, употребиле беспилотни летала.