Либиски министер избегна атентат во Триполи

Фати Башага

Вооружена група отворила оган во неделата оган врз колоната возила во Триполи во која било и возилото на министерот за внатрешни работи на меѓународно признатата влада Фати Башага, но министерот успеа да го избегне нападот без повреда, соопшти за медиумите полициски извори.

Напаѓачи отвориле жесток оган врз конвојот на Башага додека конвојот минувал низ западниот дел на Триполи по посетата на Националната нафтена корпорација и седиштето на полицијата, рекол за Reuters истиот извор.

Телохранителите на министерот возвратиле на огнот и преземале потера по напаѓачите. Еден е убиен, друг е ранет, а другите двајца се уапсени.

Нападот доаѓа во моментот кога меѓународно призната Влада на националното единство (GNA), чиј член е Башага, се подготвува да го отстапи местото на преодната влада избрана во рамките на процесот кој го водеа Обединетите нации, а целта им е да се обединат двете завојувани либиски страни.

Башага, влијателен политичар од важниот град Мисрата, загуби во трката за премиерот во владата на национално единство, но јавно ја поддржа новата администрација.

Според прелиминарните истраги, лицата кои го нападнале конвојот во неделата потекнувале од Завија, друг значаен град кој се наоѓа околу 45 километри западно од Триполи, рекол соговорникот на агенцијата.

Десет години по бунтот во Арапската пролет во 2011 година, во која учествуваше и НАТО и со која беше соборен и егзекутиран деценискиот либиски водач Моамер ел Гадафи, Либија е поделена на две ривалски сили, кои имаат поддршка од различни земји.

Меѓународно признаената влада на досегашниот премиер Фајез ал-Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека маршалот Калифа Хафтар, чие седиште е во Тобрук и кому му се приврзани поранешни припадници на регуларната армија на Либија и офицерски кадар, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.

Ситуацијата во земјата дополнително се комплицира со финансиска, дипломатска и воена помош од странски сили за спротивставените страни. Турција, која ја поддржува цладата во Триполи веќе испрати војници во Либија. Владата во Триполи ја поддржуваат и САД, Италија, Катар и нивните главно западни сојузници. Хафтар, пак, ја има поддршката на Франција, Русија, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Јордан.

Овие две групации 23-ти октомври потпишаа договор за траен прекин на огнот под патронат на ОН. Деловниот човек Абдел Хамид Дбеибах беше именуван на 5-ти февруари за преоден премиер и со Преодното трочлено претседателство треба да осигури власт до националните избори во декември 2021 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.