Лицата кои пријавија за бомба во Сити мол, сакале да се зафркаваат со шефот

Двајца млади лица, новопримени во обезбедувањето на Сити мол, пријавиле кај шефот дека во објектот има поставено бомба, оти сакале да се зафркаваат со него, открила полициско-обвинителската истрага за вчерашниот настан. Пријавувачот, не само што не кажал дека тој е лажниот пријавувач, туку кога настанале турканицата и стампедото за напуштање на објектот, учествувал активно во евакуацијата, пишува СДК.мк

Истрагата веднаш го откри лажниот пријавувач, по мобилната апликација од која му пратил порака на шефот.

Претходниот ден, вториот осомничен, иста „шега“ му направил на неговиот претпоставен, со анонимна порака дека има поставено бомба под неговиот автомобил.
Вчера, по дојавата дека во Сити Мол е поставена бомба, полицијата го евакуираше целиот трговски центар, а околу него настана хаос од вработените и купувачите. Објектот беше детално пребаран од професионална единица на МВР. ИТ -експертите набргу ја открија апликацијата и праќачот на пораката за бомба.

Против двете лица кои се вработени од обезбедувањето на Сити мол се поднесени кривични пријави за лажно пријавување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.