Лице кое летало со Бајден позитивно на коронавирусот

Кај лице кое претходно седмицава летало во ист авион со демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден е дијагностициран новиот коронавирус, но нема опасност по здравјето на кандидатот и тој нема да оди во карантин, се истакнува во соопштението на изборниот штаб на поранешниот американски потпретседател во четвртокот.

Како што се прецизира во соопштението, станува збор за вработен во воздухопловната компанија која ги организира летовите на Бајден во текот на изборната кампања. Од штабот на кампањата на демократот истакнуваат дека политичарот не бил во конакт со лицето, чиј идентитет не се открива.

Растојанието меѓу двајцата во текот на летовите во понеделникот и вторникот изнесувало 15 метри. И човекот и Бајден „носеа маски во текот на целиот лет“, се тврди во соопштението. Се додава и дека „експертите потврдија дека не е неопходно Бајден да биде во карантин“.

Самиот Бајден напиша на својот профил на Twitter дека резултатот од неговиот тест на коронавирусот бил негативен. Истканува дека немало контакт меѓу неговите помошници и споменатото заразено лице. Бајден истакнува и дека има намера да ја продолжи предизборната кампања.

Заразата кај човекот била дијагностицирана во четвртокот. Два последователни теста за коронавирусот во текот на денот биле позитивни. На 11-ти октомври резултатот бил негативен.

Претходно во четвртокот и демократската кандидатка за потпретседателка, сенаторката Камала Харис, објави дека ги откажа патувањата до недела поради случај на коронавирус во нејзиното опкружување, објави во четвртокот кампањата на претседателскиот кандидат Џо Бајден. Двјаца челнови од екипата на кампањата на Харис, меѓу кои и претставничката за комуникации Лиз Ален, се тестирани и се позитивни на Covid-19.

Двете заразени лица со авион пативале со Камала Харис на 8-ми откомври во Аризона, кога патувала на предизборен собир. Според нејзиниот тим, сенаторката направила два PCR теста од тогаш и оти двата биле негативни. Таа не била во контакт со тие две лциа „во текот на 48 часа пред нивниот позитивен тест“, тврди кампањата на демократите.