Лицемерието на Фараоните кои не’ владеат

996

Канам гостин во емисија, за разлика од дневно политичките вртелешки одредени само за едно, викам гостин кој сеопфатно, ќе искоментира се’ во една нишка, колку заради публиката, толку и заради мене лично, да добијам една сеопшта слика за се’ што ни се случува. Која будала сум јас! Џабе! Како да разбереше логиката во земјата на чудата на Алиса, ова е земјата на апсурд и криминал.

И таман ќе речев, па добро, секаде има криминал, нема земја која го нема, но ова ниво, олку хаотично проследено со акутно куроболие на одговорните, како ништо да не се случува, неминовно се доаѓа до заклучок дека ние сме во кататонија иако се движиме, какатоинија на умот и духот.

Пред очи, дневно, од час во час, ни се случуваат од елементарни кршења на законот, од маалски гранап, па се до врвот на државата, при тоа глумеејќи некакво покондурчено достоинство, опинок со ролекс и пиштол во гучи каишот!

Курчот е голем заради една само – влеговме во НАТО, имавме муда да смениме име, нас и боговите од Олимп ни даваат поддршка и можеме да праваиме што сакаме! Едноставно, дадено е зелено светло на сите поддржувачи – прајте што сакате. Ни се може!!!

Шилегов делува со објавување фотографии кои се исти, снимени скоро во исто време едната црно бела, другата во боја и ви го продава како промена, напредок, нешто поинакво!?!?! Ај он, туку вие, имбецили, кои го „купувате“ тоа! Разбирам партиска слепа поддршка – но, мозок на буниште? Не, немате срам, срамот умре исто како онаа стока која навалува на црн петок, така и вие, навалете – никој ништо не ни може!!! Ваква непогода не доживеал овој град и земја! Земјотрес и поплава во едно, се давиме во гомна и гомнарии, срам, резил, црнила од кожата ринеме, заради туѓа брука.

Орце Камчев е предмет не на судски процес, туку класична тортура – и вие тоа го гледате со ситење!?!? За смирување на мојата совест, ќе си напишам – никој не е цвеќе во земјава, најмалку вашиот партиски миленик, но никој не заслужува вакво изживување! 90 дена протвор – па, ова го немало ни во пострашни режими! Глумиме демократија, и да си нагласам… кога се прави преседан, тој станува правило, утре кога некој друг шериф кога ќе ви се намерачи, вам, кои сега оргазмично ликувате врз еден од најхуманите и најуспешни луѓе во земјава, утре кога тркалото ќе се сврти, оваа пишанка ќе си ја реобјавам, кога ќе ме повикате за борба за правда за која јас со години ве викам, се курчевте, ОК… нема проблем, но знам само едно, работите се менуваат, се е минливо – мислете му.

Ми се јави еден човек во емисија, кај и да е ќе го извадам видеото од неговото јавување, рече- ми почина жената, мајка ми, татко ми од Корона, пред некоја недела (говореше со тежок траорен глас) ми останаа двете малолетни деца сам да ги растам и јавно се заколнувам дека целиот живот ќе го посветам не само да станат луѓе, туку да им остане врежано во свест кој ги уби нивните блиски! Ветија вакцини во јануари – и месеци подоцна не стигнуваа, но болеста ги стигна. Да се вакцинираа ќе беа живи. Да паметат кој ја уби нивната мајка и доживотно да се борат против нивното злосторство против човештвото кое го извршија! – молчев со минути, не можев да изговорам… останав без зборови…страшно!!!

И сега само со еден збор да набројувам? Пасоши, канабис, ДЕА, лажни обвиненија и затвори, легализација на дивоградби, неуставни решенија за име и идентитет, убиства, престрелки, ограбување, крадење, упорпастување, уништување, вакцини, највисока смртност, уништена економија, партиски вработувања, рамковни вработувања, понижувања дома и надвор, Боки и Катица, Рекет, Мијалков, прогласување на Македонија за најголемо легло на криминал во Европа, лични карти, мафијаши, Хонг Конг, лубриканти, учебници, дигитализација, преверзии …. и нема ни место за анализа, за заклучок, за дијагноза каков канцер е за да се почне со хемотерапија… и нема и не може, Метастазите се повеќе одошто здраво ткиво, ние сме веќе Живи Мртовци. Ако ова, под итно не прекине, а мора оти главата веќе нема допир со реалноста и мисли дека е недопирлива и натаму затоа што некој амбасадор се сликал со неа, веќе е премината последната точка од која нема враќање.

Мислите дека најстрашните сценарија нема да почнат да се реализираат? Придрж ми го пивово…

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.