Лицемерието на Тито Петковски: Заедничката прослава на Илинден ја нарече неморална понуда, сега молчи

Понудата за заедничката прослава на Илинден со Бугарија, челникот на НСДП Тито Петковски го нарече „непристоен предлог“, меѓутоа сега, откако ова го најави неговиот коалиционен партнер премиерот Зоран Заев, упорно молчи и чека првилегии од власта.

Своевремено, ваквиот најблаго речено непристоен предлог на поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев и експремиерот на Мaкедонија, Владо Бучковски, исто така тогаш лидер на СДСМ, за заедничко празнување на Илинден, разбирливо, предизвика многу негативни реакции во јавноста.

tito-640x535

„Историчарите, интелектуалците, политичарите, новинарите, обичните граѓани…не можат да поверуваат дека вакво нешто може да прифати премиер на македонска влада. Станува збор за македонско востание како симбол на македонскиот непокор. Со овој гест тогаш Бучковски покажа дека нема слух за сопствената национална историја, за сопствениот идентитет и за сопствениот ентитет. Еве зошто велам дека на Бучковски му отапел слухот за сопствената национална историја кога предлага заедничка прослава на Илинден со Бугарија. Очигледно, тој го чувствува живиот песок под своите нозе во овој предизборен период, па ја губи сопствената историска, географска и политичка ориентација. Затоа нема да ме зачуди доколку од него слушнам и предлог за заедничка прослава на бугарскиот и на македонскиот народ на денот кога е потпишан Санстефанскиот мир. Што би значеле тие прослави за Република Македонија и за македонскиот народ, кажуваат историските податоци. А јас, после се, не знам како да го разберам слоганот на Бучковски за парламентарните избори. Навистина не знам кој ќе оди напред, а кој назад“, напиша тогаш Тито Петковски во колумна објавена во дневниот весник „Утрински весник“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.