Лицето кое тврдеше дека е исчезнато дете во 2011-та е поранешен затвореник

Лицето кое тврдеше дека е момченцето Тимоти Питцен од сојузната американска држава Илиноис кое исчезнало пред осум години, всушност е возрасен маж и поранешен затвореник, објави Федералното биро за истраги (FBI).

Брајан Мичел Рини, 23-годишник, во полицијата во градот Њупорт во сојузната држава Кентаки рекол дека им побегнал на киднаперите кои ги опишал како бодибилдери и дека тој е Тимоти Питцен, кој денес би имал 14 години, што накусо ги разгоре надежите дека исчезнатото момченце е пронајдено, изјави портпаролот на FBI, Тод Линдгрен.

Линдгрен рече дека анализата на ДНК изведена во Детската болница во Синсинати покажала дека лицето кое тврдело дека е Тимоти всушност е Рини кој на 7-ми март годинава бил отпуштен од затворот Белмонт каде што отслужувал 14-месечна каззна поради грабеж и вандализам.

Тимоти последен пат бил виден кога по него во училиштетото во западното преградие на Чикаго дошла мајка му, коај набрзо потоа извршила самоубиство. Приказната дека Тимоти можеби е пронајден брзо се рашири во средата, но полицијата беше претпазлива во текот на целата истрага, одбивајќи да коментира сѐ додека не биде завршена анализата на ДНК.

„Полицијата не го заборави, ниту ќе го заборави Тимоти, и се надеваме дека еден ден ќе го вратима на неговото семејство. Тоа, за жал, нема да биде денеска“, соопшти FBI по анализата.

Тимоти Питцен последен бат бил виден со неговата мајка во мај 2011 година, според пишувањето на The Chicago Tribune, кога го земала својот тогаш шестгодишен син од училиштето во предградието Аурора и го одвела во зоолошка градина и аква-парк. Ејми Фри-Питцен набрзо потоа, според написите на медиуми, извршила самоубиство во мотелска соба. „Тим е некаде сигурен со луѓе кои го сакаат и кои ќе се грижат за него. Никогаш нема да го пронајдете“, напишала во прошталната порака која ја објави каналот ABC7 Chicago.