Лични карти ќе се издаваат и во сабота и во недела

Во врска со неделното плебисцитарно изјаснување на граѓаните за промена на уставното име на земјата, мко и при други изборни циклуси,  врска со министерството за внатрешни работиизвестува дека сите одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29-ти и 30 септември 2018).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29 септември) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на референдумот( недела, 30 септември) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот, соопшти МВР.